Дудек го посочи “кртот” во соблекувалната на Реал Мадрид

Јержи Дудек откри кого Жозе Мурињо го обвинувал за “крт”, додека бил тренер на Реал Мадрид. Мурињо имаше доста проблеми со фудбалерите на Реал и ги критикуваше дека без никаква потреба обелоденуваат многу факти за медиумите, а таквата негова констатација наиде на револт кај фудбалерите, кој резултираше со поделба на соблекувалната.

Полскиот голман забележа два настапи за Реал Мадрид и во својата автобиографија пишува и за случувањата во Реал

Станува збор за Естебан Гранеро, а еве што напиша Дудек.

“Пред две години во шпанските медиуми прочитав дека постои “крт” во соблекувалната на Реал Мадрид. Веднаш тоа ме врати назад во 2011 и натпреварот против Барселона, кога ремизиравме 1:1. Мурињо дојде кај нас и ни кажа дека резултатот не е лош бидејќи цело второ полувреме го игравме со играч помалку и потоа додаде:

-Гледам дека вашите односи со медиумите се многу добри. Знам дека мора да бидеме добри со нив, но не знаев дека треба до толку добри. Слушам дека не сакате состаноци пред натпревари, дека вежбите за прекини ги вежбаме на погрешен начин и дека нашите тактички тренери не се доволни добро. Пуштам дома ТВ4 на еден час пред натпреварот и има што да видам!

А, потоа почна да вика:

-Знам дека еден од вас овде е крт. Да, да, крт! Некој им кажал стартните 11 пред натпреварот, знаеја сѐ за нас. Ставивме неколку изненадувања во тимот, а тие знаеја дека Пепе ќе игра во средина за да го спречи Меси. Еден од вас ме издаде, ми заби нож во грб…

Имаше солзи во очите. Никогаш го немав видено таков, толку емотивен. Прво покажа кон Гранеро, кој е роден во Мадрид и кажа:

-Можеби тоа го прави некој кој овде е подолг период.

Покажа со прстот и кон другите тројца родени во Мадрид:

-Како можевте да го уништите сето она што со недели го правевме? Ме издадовте. Но, се издадовте и самите себеси, да знаете.

Го фрли пластичното шише со вода и ја тресна вратата”, напиша Дудек во својата книга.

Извор: Спортмедиа.мк