Македонија

„Дудинка“: ПОГРЕБАЛНОТО АУТО НА СДСМ

„Дудинка“: ПОГРЕБАЛНОТО АУТО НА СДСМ

Славко Јовановски, началникот на полицијата во Битола што криминално беше назначен во времето на министерувањето на Оливер Спасовски со МВР, за време на својот краткотраен престој на функцијата успеал да направи серија од кривични дела и противправни дејства, пишува порталот ДУДИНКА.

ДУДИНКА денеска, на ден Илинден, објавува:

Нашето истражувачко новинарство покажа дека екс-началникот на полицијата во Битола, користејки беспомошни и сиромашни луѓе, злоупотребувајки ја својата положба и фалсификувајки документи станал горд сопственика на Citroen C-4 возило за време додека бил началник.

Судбината сакала, тој да стане сопственик на автомобилот на денот што гордо го одбележува како свој празник СДСМ, а тоа е 2-ри февруари. Светскиот ден на обратните. Воедно, а не помалку важно, тоа е ден кога е роден Бранко Героски. Значи три-во-едно. Дали Славко е обратен и дали му го честитал роденденот на својот омилен колумнист, ДУДИНКА не успеа да дозне.

Но, да одиме со ред.

Според Историјатот на МВР ПП-6196-АЦ возилито Citroen C-4 претходно е внесено и гласи на Илиевска Васка.

Васка е сиромашна “отепана“ 60 годишна жена, родена 1949 година.

Таа има двајца синови:

  1. Илче викан Бурдуш алхохоличар(лечен во неколку наврати) работи како кенлер во ресторанот “Студент“ во Прилеп.
  2. Роберт поранаешен вработен во “11-ти Октомри“ во Прилеп. Моментално работи во Еуро терм во Прилеп како заварувач.

Сите заедно живеат на Ул.Ладо Лапецот бр.68 Прилеп.

dudinka-pp

Погорниве податоци за фамилијава на Васка се интересни бидејки ресторанот “Студент“ е на Горјан поранешен Вработен во МВР и учесник во конфликтот во 2001 година каде бил и ранет. Инаку тој е кум и побратим на генералот Стојанче Ангелов.

Од каде и на сиромашната Васка пари и знаење да увезе автомобил од ЕУ, да го носи на хомолгација, да приложува фактури и свифтови останува мистерија која дури ни ДУДИНКА не може да ја открие.

Инаку, јавна тајна е, дека сите сомнителни возила што треба да поминат за Хомологација во тој дел од државата поминуваат на само неколку технички прегледи, од кој еден е “Алфа Ауто“ од Прилеп што се наоѓа на стариот пат.

Поранешниот краткотраен началник на полицијата во Битола, инаку криминален кадар на Оливер Спасовски и Зоран Заев, во само неколку месеци “владеење“ успеал да направи серија од криминлани дејствија како би го засилил својот “квалитет“ на живеење. Но во исто време не сакал да плати никакви давачки во државата. Давачки кои сите ние ги плаќаме, за меѓу другото и тој да земе плата.

Користејки ги своите тесни врски со Франкфурт мафија, со лажни и фалсификувани фактури и сфивтови овој кадар на СДСМ успеал на криминален начин да си го регистрира возилото.

Иако многу документи му недостасувале, како на пример преку која фирма е внесено, а и преку која фирма е правена хомологацијата, тој успеал да го регистрира возилото избегнувајки ги сите давачки кон државата.

Уште еднаш да се напомене, тоа го прави во време кога е тој началник на полицијата во Битола. Кога Министер во МВР е Оливер Спасовски.

“Итриот“ Јовановски, за да не плати ниту банка кон државата која со децении му ја обезбедува платата, својот Цитроен го регистрирал како ПОГРЕБАЛНО (!!!) ауто. Иако секому кој и малку знае нешто за возилата му е јасно дека C-4 Citroen нема ниту габарит, а особено должина за да пренесува кофчези со мртовци, Славко без трунка срам и одговорност си “набавил“ и на одмор си оди со ПОГРЕБАЛНО ауто.

ДУДИНКА ви приложува документ каде се гледа името и презимето на кадарот на Оливер Спасовски, како и ПОГРЕБАЛНАТА “намена“ на возилото.

Дека СДСМ е некрофилска партија која ја користи смртта на луѓето за да поентира политички, е одамна јасно. Ама дека до ова дереџе ќе дојдат – семејството, децета, роднините, пријателите да ги возат на вечера, шопинг, свадба, веселба, одмор со ПОГРЕБАЛНО ауто – е надвор од сите очекувања.

Што кажува законот? Имено, ако внесеш погребално возило на физичко лице имаш 5% царина и 18% ддв. Ако е на фирма внесено, нема 5% а имаш поврат на 18% ддв. Значи немаш никакви давачки бидејки се враќа де-де-ве-то. Тоа се прави со приложување на доказ (доказ во фактура во Евра), а праксата во Македонија кажува дека 50 % од такви документи се лажни, бидејќи набавувачите сами си ги прават, а никој не ги проверува

Славко Јовановски го направил токму тоа. За да ги прикрие своите трагови, набавеното “ПОГРЕБАЛНО“ возило е донесено од фирма, префрлено на Васка, за на крај тој да го “купи“ од неа.

Со здравје одење на погреби Славко!

ИЗВОР: ДУДИНКА.МК