Дудуш градоначалник на Ќустендил?

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш на својот Фејсбук профил објавува фотографии од редовните активности на вработените во општината.

И тој како и другите политичари го следи трендот за споделување на општинските новитети и активности заедно со граѓаните преку социјалните мрежи.

Сепак, според фотографиите постирани од Дудуш може да се збунат неговите следбеници и пријатели на Фејсбук и да помислат дека тој е градоначалник на Ќустендил.

Веруваме дека поради немарност, регистерските таблички на службеното возило најверојатно набавено од бугарскиот град, останале на камионот.