Македонија

Дудуш му порача на Заев да го „откачи“ Амди Бајрам

Дудуш му порача на Заев да го „откачи“ Амди Бајрам

Политичките претставници на Ромите излегоа со жестоки ракции по одлуката на премиерот Зоран Заев за коалицирање со Амди Бајрам и неговата партија „Сојуз на Ромите“. Тие бараат Заев да ја преиспита одлуката, затоа што, според нив, Бајрам треба да одговара кривично и во ниту еден момент не мисли да им помогне на Ромите во Македонија.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш од редовите на СДСМ е незадоволен што неговиот политички противник влегува во секоја власт, и вели на овој начин продолжува исмевањето на ромската заедница.

Почитуван премиере Заев, сакам да ви ја пренесам пораката од граѓаните на Шутка „Не не гласаа граѓаните за да го воскреснете Амди Бајрам од мртвите и за да го вратите монструмот на местото на злосторот“. Се надевам дека гласот на народот ќе биде клучен за преиспитување на вашата одлука, изјави Дудуш.

Ако не се преиспита одлуката најавија протести.