Дуев: Останувам на ставот за реформи, некои портали упорно ме вадат од контекст

Чудно на сите портали се извлекува од контекст само еден пост, а упорно се игнорира мојот натпис во „Нова Македонија“, веројатно никој и не сака да го чита, каде што зборував за потребите од реформи во високото образование.

Се друго што се случува по разни портали го доживувам како неакадемско однесување и удар врз мојот интегритет. Не сакам да ме осудува никој што сум за реформи ниту осудувам некој што е против реформи. Мојот став е јасен…, напиша на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, продеканот на Филозофскиот факултет, доц. д-р Ратко Дуев.

Ова доаѓа откако одредени портали блиски до СДСМ и Сорос, објавија дека професорот Дуев се откажува од својот потпи за спроведување на државниот испит.

DuevRatko