„Дух“ од Дејан Дуковски премиерно во МНТ

Претставата „Дух“ од Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ во вторник премиерно ќе биде изведена во Македонкиот народен театар.

Гораст Цветковски ја толкува главната улога – Александар Мара или духот, а покрај него играат Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски. Сценограф е Велимир Жерновски, костимограф Лидија Георгиевска, а музиката е на Надежда Рубин, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ.

Режисерот Јаниќијевиќ на денешната прес-конференција рече дека ова е прва претстава на МНТ која е поддржана од Министерството за култура за 2018, во соработка со „Контрапункт“ и со поддршка од општина Центар.