сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 19

ДУИ ги повлече министрите од Владата за да се осигураат избори на 5 јуни

Централното раководство на ДУИ синоќа одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија.

dui-rakovodstvo

Поврзани вести

Централното раководство на ДУИ синоќа одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија.

Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција.

ДУИ во Владата има девет министри,  а тоа е повеќе од една третина од членовите на извршната власт која брои 26 министри.

Според Уставот на Република Македонија, доколку премиерот предложи промена на најмалку една третина членови од Владата, Собранието одлучува како за избор на нова влада, за што со оглед на датумот кој е предивен  за распуштање на законодавниот дом, нема доволно време.

Демократската Унија за Интеграција ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови.

Најчитани вести