ДУИ и Алијансата за Албанците ги објавија предлозите за заменици-министри

Демократската унија за интеграција и Алијансата за Албанците ги објавија имињата на замениците – министри во новата Влада.

ДУИ ќе ги има заменичките места во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, финансии и за образование и наука, додека од Алијансата за Албанците заменици министри ќе има во министерствата за надворешни работи, транспорт и врски и труд и социјална политика.

За заменик-министер во Министерството за внатрешни работи е предложен Агим Нухиу, во Министерството за одбрана Беким Максути, во Министерството за финансии Ширете Елези, а заменик-министер за образование и наука ќе биде Висар Ганиу.

Од Алијансата за Албанците за заменик-министер за надворешни работи е предложена Арта Точи, за транспорт и врски Ремзи Мехмети и за труд и социјална политика Елми Азири.

Предлозите за заменици – министри треба да бидат разгледани и прифатени на владина седница по што следува нивна верификација на седница на Собранието на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.