ДУИ со иницијатива до Уставниот суд за оценување на одлуката за распуштање на Собранието

ДУИ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието, јавува телевизијата Телма.

Оваа информација за телевизијата ја потврдил шефот на кабинет, Артан Груби. Од ДУИ бараат одлуката да се прогласи за неуставна со што ќе му се овозможи на Собранието повторно да заседава. Повеќе детали најави портпаролот на партијата Бујар Османи.

Инаку, утринава, лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл изјави дека се консултираат со домашни и странски правни експерти за тоа како да се свика Собранието за да се донесат неколку важни одлуки.

Рече дека е во контакт со сите политички партии околу оваа иницијатива и ги повика да ја поддржат. Повтори дека избори на 5 јуни нема да се одржат, затоа што не постојат услови за тоа.