ДУИ му се закани на Иванов: И Претседателот ќе биде казнет доколку не го употребува албанскиот (ВИДЕО)

За две-три недели и претседателот Ѓорге Иванов ќе биде казнет за неспроведување на Законот за употреба на јазиците, изјави во емисија на ТВ Алсат пратеникот на ДУИ Џеват Адеми.

Тој зборуваше за употребата на албанскиот јазик по донесувањето на Законот за употреба на јазиците.

„За официјалниот статус на албанскиот јазик не се грижи носителот на институцијата, туку самата институција. Овој Иванов, кој одби да го потпише указот за Законот за албански јазик, ќе биде казнет за неупотреба на албанскиот јазик и тоа за две три недели. Досега немало казнени одредби. Соочувајќи се со неспроведувањето на законските одредби ние воведовме казнени одредби. Не е популарна мерка во законот да воведеш казнени одредби. Се согласувам со тоа како еден од авторите на законот. Не го направивме тоа толку лесно, но во Македонија имаме појава на неспроведување на законите. Бидејќи законот за албански јазик за нас е важен, ние сме предвиделе и казнени мерки. Ќе ги удриме по џеб, еднаш, двапати, трипати и ќе видите. Законот за јазиците, спроведувањето на законот за албански јазик во пракса е клучот за преживувањето на оваа Влада“, рече Адеми.

https://www.youtube.com/watch?v=mSOdRKweXmY