ДУИ поднесува иницијатива за распуштање на Собранието

ДУИ денеска поднесува иницијатива за распуштање на Собранието на Република Македонија и распишување на предвремени парламентарни избори.

Одлуката на ДУИ следи откако решија дека нема да поддржи ниту еден кандидат за претседател на Македонија за кого не постои консензус.

Првиот круг од изборите за нов собраниски состав би требало да се одржи на денот кога ќе се одржи вториот круг од претседателските избори.

Синоќа заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кој требаше да се разгледа барањето на нивниот коалицискиот партнер за одржување на предвремени парламентарни избори.

Одлуката за самораспуштање на парламентот би требало да биде донесена најдоцна до среда, за да можат да се обезбедат роковите за одржување на изборите во тој термин.