Македонија

ДУИ повикува на мирни протести

ДУИ повикува на мирни протести

Демократската унија за интерграција по највите на социјалните мрежи за одржување на протести во петок, на 11 јули, поврзани со пресудата за случајот „Монструм“, повика на мирни избори без насилство.

„ Ги повикуваме сите граѓани кои ќе излезат на протести да протестираат мирно и да се воздржат од секакви акти на насилство. Сите граѓани имаат право да протестираат и да ги искажуваат своите ставови, но не и да се вклучуваат во деструктивни и наслини акти“, се вели во соопштението на ДУИ.

Во соопштението, ДУИ ги повикува надлежните институции да се справат со овој судски случај почитувајќи целосно сите меѓународните стандарди.