ДУИ првата партија која ги достави до ДИК листите на кандидатите за пратеници

Демократската Унија за интеграција, денес ги достави до Државната Изборна Комисија листите со кандидати за пратеници за сите изборни единици.  Листите ги достави Секретарот на партијата и Шеф на Централниот Изборен Штаб, Абдилаќим Адеми, кој оцени дека листите ја претставуваат политичката зрелост и единството на ДУИ.

Во изјавата за медиумиуте, Адеми истакна  дека ДУИ е партија која прва ги изготви и достави листите на кандидатите за пратеници.

‘‘Пред неколку недели,  Демократската Унија за Интеграција во Собранието на Македонија ќе иницира предвремени парламентарни избори. Тогаш, ние отворено изјавивме дека сме подготвени, а денес со доставување на листите докажуваме дека сме прва партија во Македонија, која успеа да ги изготви и достави листите до ДИК.  Доставените листи од страна на ДУИ се општоприфатени листи, усогласени со партиската структура, но и со регионално претставување. Се листи, кои во својот состав опфаќа кадри, кои  предводеле национални и демократски процеси, и кои се докажани. Ние сме убедени дека оваа листа е листа на иднината, и која ќе раководи во следниот четири годишен мандат.

Тој, исто така, укажа дека ДУИ ќе се трка во сите изборни единици, опфаќајќи ја и Изборната Едница број 4, при што потенцираше дека…

‘‘На овој начин, ние сме прва албанска политичка партија, која се трка на целата територија на Македонија. Како и што сме потенцирале, каде и да има само еден албанец, еден граѓанин кој ја поддржува нашата идеја и го прифаќа нашиот концепт, ние таму ќе бидеме. Затоа, овој пат ние ќе се тркаме и во Изборната единица број 4‘‘, изјави Адеми.

Оценувајќи ги листите, Адеми рече дека тие го претставуваат единството инсталирано како вредност во целата партија.

‘‘Тие докажуваат дека ДУИ успешно се надминала себеси, успеала да инсталира единство во својата структура, но и пошироко. Затоа, јас го изразувам моето задоволство во име на Централниот Изборен Штаб, во име на ДУИ и во име на албанците, затоа што на овој начин докажуваме дека сме, не само демократски политички субјект, туку и политички субјект кој раководи со процесите во Република Македонија‘‘, заклучи во својата изјава Адеми.