ВИДЕО: ДУИ смета дека сега му е мајката на Македонија да и’ се смени името

ДУИ

Артан Груби, блискиот соработник на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиска дебата потврдува цека целиот изборен инженеринг и постизборна операција во Македонија води кон менување на името на државата, објавува неделникот „Република“ на својот интернет портал, пренесува НетПрес.

Сите што сме тука и Вашингтон и Брисел знаеме дека ако Мaкедонија не го смени името во согласност со барањата на Атина, не може да направи вистински чекор кон ЕУ и кон НАТО. Ова е една добра можност, овие резултати во Собранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името, вели Груби, кој е дел од раководсвото на ДУИ.

Настапот на Артан Груби, како човек близок до Али Ахмети, не смее да се анализира само како негов личен став, туку како став на целата гарнитура на ДУИ.

И во текот на кампањата во која Социјал-демократската врхушка ветуваше редефинирање кон брзи евроатлански интеграции и по неа, со појавата на т.н. „Тиранската платформа“, во која јасно стојат барањата за смена на името и симболите на државата, заедно со иредентистичките настапи на коалицискиот партнер на Заев, Села, дека не ги почитува знамето и химната бидејќи не биле „мултиетнички“, но и на другите нивните партнери – Беса и ДУИ, станува се’ појасно дека предупредувањата од ВМРО-ДПМНЕ за крајната цел – смена на името и идентитетско обезличување на македонскиот народ и култура – се вистинскиот предизвик пред народот и државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.