петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

ДУИ: Треба да прават рационални, а не емотивно поттикнати проценки

Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги на тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор, стои во соопштението на ДУИ.

дуи

Последни вести

ДУИ денеска соопшти дека останува посветена на едно кохезивно општество, еднакво и интегрирано во евроатлантската заедница и ги повикува, како што стои, страните да делуваат со историска одговорност кон процесите со кои се соочува земјата и регионот при што треба да прават рационални, а не емотивно поттикнати проценки.

– Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги на тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор. Владеењето на правото во земјата е обврска на сите политички партии и претставува предуслов за продолжување на евроатлантскиот пат, стои во соопштението.

Реформите во судството, транспарентноста и ревидирањето на спорните судски процеси, според партијата, се неопходна обврска за враќање на довербата на граѓаните кон системот.

– Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ инсистираше на транспарентно затворање на процесот преку целосно обелоденување на скандалот со масовното и незаконско прислушување и преземање одговорност, стои во соопштението од партијата.

Најчитани вести