ДУИ утре ќе решава дали ќе му ги даде потписите на СДСМ

97

ДУИ ја прифати верзијата на Законот за употреба на албанскиот јазик. Се очекува утре да ја донесе одлуката дали ќе влезе во владата. Од ВМРО-ДПМНЕ со став- нема да дозволат редефинирање на Македонија.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи рече дека има уште прашања што треба да се дискутираат, но оти е значајно дека е заокружена една значајна фаза.

Претседателството на ДУИ ги исцрпи сите аргументи во однос на законот за јазикот, и на крајот едногласно даде согласност за текстот. Го завршивме овој дел од дебатата и утре ќе ги почнеме преостанатите делови за можната хармонизација на заедничка платформа за заедничко владеење, изјави Османи по седницата. Конечната одлука дали ќе му ги даде 10-те пратенички потписи на СДСМ е во рацете на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ има намера да ја редефинира државата само за да дојде на власт и оти за оваа цел планира да го крши и Уставот. Тоа нема да го дозволиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Го потсетуваме СДСМ и секој друг којшто сака да се коцка со државните и националните интереси дека во Република Македонија има и други кои мислат на тие интереси и коишто се подготвени да се борат за нив. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победија на изборите освојувајќи мнозинска поддршка и доверба од граѓаните, кои ја препознаа намерата на СДСМ за редефинирање на Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев, денеснка од Сараево, пак, изјави дека е постигнат договор со албанските партии за клучните прашања, а  новата Влада ќе биде формирана за 10-15 дена

Синоќа знам дека раководството на ДУИ донесе одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат, поради тоа што како второ рангирана партија бевме условени од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот, рече Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.