Дуинг Бизнис 2017: Македонија меѓу најдобрите 5 европски економии за водење бизнис

економија

Согласно извештајот Дуинг бизнис во најдобрите десет економии се вбројуваат Нов Зеланд (1), Сингапур (2), Данска (3), Хонг Конг (4), Република Кореја (5), Норвеска (6), Велика Британија (7), САД (8), Сведска (9) и Македонија (10).

Во Европа пред Македонија се само четири економии и тоа Данска, Норвешка, Велика Британија и Шведска, што претставува огромен успех за државата.

Уште позначајно е тоа сто во најновиот извештај Доинг Бизнис Македонија е подобро рангирана од 25 земји членки на ЕУ. Така, Македонија е подобро рангирана од Естонија (12), Финска (13), Латвија (14), Германија (17), Ирска (18), Австрија (19), Литванија (21), Полска (24), Португалија (25), Цеска (27), Холандија (28), Франција (29), Словенија (30), Спанија (32), Словацка (33), Романија (36), Бугарија (39), Унгарија (41), Белгија (42), Хрватска (43), Кипар (45), Италија (50), Луксембург (59), Грција (61) и Малта (76).

Македонија е најдобро рангирана земја во цела Источна Европа. И оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од Словенија (30), Романија (36), Бугарија (39), Хрватска (43), Србија (47), Црна Гора (51), Албанија (58), Косово (60), Грција (61), Турција (69) и Босна и Херцеговина (81).

За потсетување, пред десет години Дуинг Бизнис ја рангираше Македонија на 94 место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.