Спорт

Дука: Елбасан нема да биде втор Белград

Дука: Елбасан нема да биде втор Белград

Настаните од Белград нема да се повторат на фудбалскиот натпревар против Србија во Елбасан, ветува претседателот на фудбалската федерација на Албанија, Армандо Дука.

Дука во интервју зборува и зошто реваш натпреварот не се одржува во Скадар, како што претходно беше најавено, туку во Елбасан.

120 денови пред натпреварот треба да се предложи стадионот каде би се одржал натпреварот.УЕФА е таа која врши инспекција на стадионот за да ја верификува неговата состојба. Ние предложивме натпреварот Албанија-Србија да се одигра на стадионот во Скадар, на што од УЕФА добивме негативен одговор со препорака безбедносните услови за овој натпревар треба да бидат на максимално ниво, вели Дука.

Според него на неколкуте средби со премиерот Еди Рама и првите луѓе на безбедносните структури околу организацијата на натпреварот, нивна преокупација и желба била натправрот да има сосема пинаква слика од оној на 14 октомври лани во Белград.

-Наша преокупација и желба е овој натправар да добие боја на вистински спортски празник и да му покажеме на светот дека ние сме европски граѓани, но и дека имаме албанска традиција на гостопримство,додава првиот човек на албанската фудбалска федерација.

Тој оценува дека шансите на албанската национална фудбанлска репрезентација да замине на европското првенство во Франција се околу 80 проценти.

Запрашан за кандидатурата на Мишел Платини за прв човек на ФИФА, Дука вели : „Не сум изненаден. Мишел повеќе од осум години ја води УЕФА и забележа голем напредок, што му дава целосно право да може да биде и на чело и на ФИФА. Му посакувам успех“.

Реванш натпреварот Албанија-Србија ќе се игра на осми октомври на новиот стадион „Елбасан Арена“ во Елбасан.

 

 

Имено, на фудбалскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Албанија и Србија во Белград како провокација беше пуштен дрон со албанско знаме на теренот каде беа фудбалерите. По инцидентот меѓу дел од фудбалерите имаше физичка пресметка, а фудбалскиот меч беше прекинат. Трите бода службено паднаа во рацете на албанската репрезентација.