Свет

Трагедија: Спасил деца од давење во Дунав, па тој се удавил

Трагедија: Спасил деца од давење во Дунав, па тој се удавил
Трагедија: Спасил деца од давење во Дунав, па тој се удавил

Дваесет и тригодишен припадник на австрискиот Црвен крст го загубил животот при спасување на две малолетни девојчиња кои се давеле во Дунав.

Во моментот кога струјата почнала да ги повлекува девојчињата тој скокнал по нив и ги спасил, но бил повлечен од силен вртлог.

Тој вчера не бил на должност. Одмарал покрај Дунав во австриското место Штокерау. Кога струјата почнала опасно да ги повлекува двете девојчиња веднаш се фрлил во реката по нив.

Голема спасувачка екипа пристигнала наскоро, составена од пожарникари, лекари, санитетски хелокоптер, но кога момчето било извлечено, му немало спас.