Дунга како спасител на Бразил

Веднаш по официјалната промоција, новиот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, Карлос Дунга изјави дека се чуствува подготвен, дека може да го спаси Бразил кој покажа сериозни знаци на криза за време на последниот мундијал.

“Сакам да го спасам Бразил кој во фудбалот некако покажува идентификациска криза. Мора да го промениме начинот на игра и да ја вратиме нашата стара препознатливост“, изјави Дунга.
Легендарниот репрезентативец по втор пат седнува во селекторската функција, а во првиот мандат, од 2006 до 2010 година, Дунга го освои Купот на Америка 2007 и Купот на конфедерациите 2009.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.