Дунга не го мириса Неимар

Новиот селектор на Бразил, Карлос Дунга уште еднаш покажа деке не е голем фан на Неимар, но сега со изјавата дека крилниот напаѓач на каталонскиот гигант Барселона треба да се фокусира на фудбалската игра, а не да се занимава со маркетинг.

„Јас не сакам бразилскиот тим да игра за Неимар, сакам Неимар да игра за бразилскиот тим. Јас ќе создадам таква структура која ќе му помогне на Неимар да ја направи потребната разлика на секој натпревар. Сите репрезентативци треба да бидат фокусирани на националниот тим, да бидат фокусирани на фудбалската игра, а не да се занимаваат со маркетинг. Кога дава интервју, Неимар или ќе носи капа на која ќе пишува Бразил или нема да носи никаква капа. Нема да биде дозволено да носи облека на која го има неговото лично лого. Не сакам фудбалери кои ја фарбаат својата коса и со таква играат за Бразил. Тоа е можно само кога играат за своите клубови. Сакам сите да се фокусирани на фудбалската игра”, изјави Дунга.