Дуња – есенска витаминска бомба!

Дуњата е вистинска витаминска бомба. Освен минималната количина на калории и масти, таа е богата со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна…Лековито својство имаат не само плодот, туку и листовите и семето. Дуњата поволно дејствува и на работата на цревата и спречува инфективни болести.

Од витамините најмногу содржи витамин Ц, а во голема количина каротин, витамин Б1 и Б2, како и нијацин. Богата е со калиум, калциум, магнезиум, натриум…

Семките од дуња содржат дури 15 отсто масло и големи количини на Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти.

Сокот од дуња подготвен со иста количина шеќер лекува кашлица, астма и акутна дијареа.

Печена или готвена дуња се препорачува кај воспаленија на желудникот или цревната слузокожа, но и за лекување на анемија.

Чајот од цветовите на дуња помага во смирувањето на кашлицата, а чајот од семките од дуња има смирувачко дејство и ја победува несоницата.

Во овие ладни есенски денови зајакнето го имунитетот со оваа витаминска бомба која ја нуди природата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.