Спорт

Дурант и донесе нова победа на Оклахома Сити

Дурант и донесе нова победа на Оклахома Сити

Тимот на Оклахома Сити, повторно благодарение на својот најдобар играч Кевин Дурант, врза уште една победа во НБА лига, овој пат над сакраменто со 94:81. Со ова победа Дурант, остана во трка за соборување на рекордот на Мајкл Џордан. Тој има постигнато над 25 поени на 37 едноподруго натпревари до сега, три м помалку од рекордот на Џордан постигнат во сезоната 1986/87. Кевин во триумфот над Сакраменто постигна 29 поени, а Расел Вестбрук запиша 18 поени.
Леброн Џејмс, пак, забележа трипл-дабл, 17 поени, 10 скока и 12 асистенции, во триумфот на Мајами на гостувањето против Детроит со 110:78. Крис Бош имаше 15 поени, а шест кошаркари на Мајами имаа двоцифрен ефект.
Резултти: Орландо – Шарлот 110:105(пр), Торонто – Бостон 105:103, Вашингтон – Индијана 91:87, Бруклин – Кливленд 108:97, Детроит – Мајами 78:110, Чикаго – Портланд 74:91, Минесота – ЛА Лејкерс 143:107, Њу Орлеанс – Јута 102:95, Оклахома – Сакраменто 94:81, Денвер – Сан Антонио 102:133, Феникс – Њујорк 112:88, Голден Стејт – Мемфис 100:93