Дурант се враќа за шест недели

Најдобриот играч во тимот на Оклахома, Кевин Дурант беше опериран поради фрактурата на десната нога.

Според соопштението на клубот, Дурант ќе се врати на кошаркарските терени за околу шест недели.

Инаку ѕвездата на Оклахома почувствувал болки на еден од тренинзите за време на подготвителниот период, поради што била донесена одлука крилото на “тандерси” да биде опериран. Рехабилитацијата после ваков тип на операции е од шест до осум недели.