Дури 3,3 милиони невработени во Франција

Во Франција на крајот на минатата година биле регистрирани 3,3 милиони невработени, што е голем неуспех за претседателот Франсоа Оланд, кој ветил дека ќе го запре овој тренд.

Министерството за труд на Франција прецизираше дека во декември без работа биле 10.200 лица, со што вкупниот број на невработени е зголемен на рекордни 3,3 милиони.

Оланд, кој е во официјална посета во Турција, го пофалил фактот дека невработеноста е стабилизирана, но признал дека тоа не е доволно.

Бројот на невработени во 2013-та година е зголемен за 117.800 лица или 5,7 отсто, а во 2012-та година за 283.800 односно за 10 отсто.

„Во последниот квартал не е постигната пресвртница во трендот на невработеност за сите старосни групи, иако сме многу близу до остварување на таа цел“, се наведува во соопштението на тамошното Министерство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.