Дури 33 пратеници воопшто не застанале на говорницата, 36 биле без ниту едно отсуство

Дури 33 пратеници во македонското Собрание ниту еднаш не дискутирале, а 36 пратеници ниту еднаш не отсуствувале од седниците, покажуваат резултатите од собраниската публикација „Мој пратеник“.

На собраниските седници најактивен бил Самка Ибраимовски, а 33-ца негови колеги воопшто не дискутале во Собранието во период од јуни до декември минатата година. Најчесто реплики и контра реплики имале пратенциите Марјанчо Николов и Илија Димовски

Најредовни меѓу парламентарците биле претседателот и потпретседателот на Парламентот Трајко Вељаноски и Светлана Јакимовска, како и пратениците Силвана Бонева, Сузана Анова, Христина Рунчева…

Најногу отсуства од седниците, пак, имаат Фиат Цановски (56), Али Ахмети (55), Тито Петковски (55) и Мендух Тачи (53).