Дури 46 отсто од Србите сакаат да влезат во ЕУ

За влез во Европската Унија би гласеле 46 отсто од Србите, а додека пак 19 отсто би биле против, 20 отсто од граѓаните воопшто не бил гласале, а 15 отсто не знаат што би одговориле доколку утре се одржи референдум со прашањето: Дали го поддржувате зачленувањето на Србија во Европската Унија?, покажало истражувањето на владината Канцеларија за евопски интеграции.

Во однос н а итражувањето спроведено во декември 2013 година, процентот на оние кои се против членство на Србија во ЕУ се намалува.

Истражувањето покажало дека и понатаму е голем бројот на граѓани, дуро 67 отсто, кои сметаат дека реформите се неопходни за влез на Србија во ЕУ и дека треба да се спроведуваат и да не преставуваат услов за влез во Унијата, туку за доброто на граѓаните.

Најголем број од граѓаните, 58 отсто, борбата против корупцијата, која најмногу влијае на нивниоот секојдневен живот, ја сместуваат мрѓу најзначајните реформи, додека на второто и третото место им се реформите за здравствениот систем со 41 отсто и подобрата заштита на човековите права со 37 отсто од испитаниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.