Македонија

Решенијата од денеска правосилни Дурловски и Божиновска во домашен притвор

Дурловски и Божиновска во домашен притвор

Кривичниот совет на Основниот суд Сопје 1 Скопје донесе одлука во вторникот мерката притвор за оперскиот првенец Игор Дурловски и службеничката во македонското Собрание, Елена Доцевска-Божиновска, да биде заменета со домашен притвор.

Решенијата за оваа одлука од денеска се правосилни и треба да бидат доставени до затворот во Шутка, по што тие ќе бидат пуштени дома.

Пратеничката Жаклина Пешевска доби мерка претпазливост и сѐ уште чека правосилно решение за да го остави пасошот во Кривичен и после два месеци куќен притвор да може да го напушта домот.

Сите тие се обвинети за случувањата во Собранието на 27-ми април.