Македонија

Дурон: Македонија и земјите од Балканот да се интегрираат во ЕУ и НАТО

Дурон: Македонија и земјите од Балканот да се интегрираат во ЕУ и НАТО
Дурон: Македонија и земјите од Балканот да се интегрираат во ЕУ и НАТО

Франција со голем интерес ја следи состојбата во земјата и секогаш ја давала својата поддршка. Она што посакуваме е Република Македонија и сите земји од Балканот е да бидат интегрирани во ЕУ и НАТО. Преку дискусии и преговарања е возможно да се постигне напредок во поглед на интеграциите, но и за други прашања, рече францускиот пратеник Филип Дурон, објави МИА.

Дурон, кој е претседател на Групата за пријателство Франција – Македонија во француското Национално собрание денеска имаше средба со членовите на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Франција.

На средбата станало збор и за економскиот раст на земјата.

– Останува да посакаме во исто толкав процент економски раст. Благодарение на дипломатијата навистина е возможно постигнување договор меѓу сите. И искрено се надевам дека преку таа дипломатија вашата земја ќе успее да постигне стабилизирање на политичката состојба во земјата, изјави францускиот пратеник.

Тоа, според него, се покажало со договорот што се постигнал за Грција, а Франција целосно се посвети на заштитувањето на монетарната унија, потоа договорот со Иран.

Позитивно го оцени донесувањето на законот за мигрантите, со што како што рече ќе се овозможи „заеднички да изнајдеме решение за бројот на бегалци“. Изрази задоволство од соработката на парламентарните служби на Македонија и на Франција.

Францускиот пратеник Дурон истакна дека за време на посетата се сретнал со политичари, луѓе од економијата, но и од културата и други области.

Парламентите на Република Македонија и на Република Франција имаат континуирано добра соработка уште од осамостојувањето на земјата, оцени пратеникот Александар Николовски.

– Франција е голем пријател и во политичкиот и во експертскиот дел. Бројни француски политичари и експерти придонеле Република Македонија да биде тоа што е денес, независна држава и функционална демократија. Разговаравме за политичката и за економската соработка. Во политичката соработка ги истакнавме аспирациите на Република Македонија за членство во ЕУ и во НАТО и поддршката која ја добиваме од Франција секако и соработката во организациите како ОН, Советот на Европа и ОБСЕ каде што имаме одлична соработка, изјави Николоски.

На средбата станало збор и за економската состојба, растот, како и за актуелната политичка состојба