Душебаев и Манасков најдобри млади ракометари

Десниот бек на ракометниот клуб Вардар Алекс Душебаев, е избран за најдобар млад играч за сезоната 2013/ 14 во изборот на интернет порталот “Хендбал Планет”. Младата ѕвезда на шпанската репрезентација доби најмногу гласови од осум членото стручно жири, како и 26.193 испитаници во анкетата на интернет. Покрај Душебаев во идеалниот тим се најде и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој е најдоброто лево крило во Европа. Играчот на Металург имаше забележителни партии како на клупско така и на репрезентативно ниво.

Тим на сезоната:

Голман: Петер Јоханесон (Филип Ивиќ-замена)
Лево крило: Дејан Манасков (Раул Сантош)
Лев бек: Ласен Андерсон (Стипе Мандалиниќ)
Среден бек : Џим Готфридсон (Сандер Согосен)
Десен бек: Алекс Душебаев (Хералд Хеинкинд)
Десно крило: Богдан Радивовеќ (Марио Состариќ)
Пикер: Тео Цориќ (Игнасио Пласа)