Душебаев и Милиќ најдобри дебитанти во ЛШ

Европската ракометна федерација ( ЕХФ) ја објави листата на најдобри дебитанти во Лигата на шампионите. На листата се најдоа двајца ракомњрари од македонскиот шампион Вардар, десниот бек Алекс Душебаев и голманот Страхиња Милиќ.
Десниот бек во “црвено-црните” во дебитантската сезона од Лигата на шампионите има постигнато 29 голови, и е втор стрелец во тимот, зад Тимур Дибиров. Формата на голманот Милиќ оди во нагорна линија од натпревар во натпревар, и тој е еден од најзаслужните за успешните резултати на Вардар. Одличните интервенции на Милиќ, во неколку наврати беа во ТОП 5 одбрани на колото.
Ова е листата на најдобри дебитанти во Лигата на шампионите:
Страхиња Милиќ и Алекс Душебаев – Вардар
Магнус Персон и Филип Стенлам – Дрот
Стпие Мандалиниќ и Филип Ивиќ – Загреб
Ласе Андерсон – Колдинг
Марио Шоштариќ – Горење Велење
Драшко Ненадиќ – Флензбург
Немања Зеленовиќ – Целје