Душебаев почна да тренира

Десниот бек на македонскиот ракометен шампион Вардар, Алекс Душебаев почна со полесни тренинзи и се очекува да биде во тимот на Раул Гонзалез Гутијерез наредниот месец

“Се чувствувам се подобро и подобро.Започнав да тренирам редовно, но сеуште не сум подготвен да го дадам максимумот. Ќе направам пауза до крајот на Февруари, па веќе од март ќе бидам на располагање да им помогнам на моите соиграчи”, изјави Душебаев.

Душебаев има повреда на раката ,а ја заработи на пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и Бразил, пред стартот на Европското првенство во Данска.