Душебаев сакаше да се пресмета со Гудмундсон

Голем скандал се случи на крајот од средбата во Киелце, меѓу екипите на Киелце и на Р.Н.Ловен во ракометната Лига на шампиони. Спречена беше физичка пресметка меѓу двајца славни тренери, Талант Душебаев и Гудмундур Гудмундсон.

Изнервиран од “постојаните провокации“ на Исланѓанецот, Душебаев тргна кон него да се пресметува, но беше задржан од присутните. Расправата продолжи и на прес-конференцијата по натпреварот, на која Душебаев го обвини Гудмундсон дека непристојно гестикулирал, а овој му врати дека е лажго и дека вакво нешто првпат му се случува во животот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.