Душебаев: Сите сакаат да ја префрлат вината врз мене

Европската ракометна федерација (ЕХФ) покрена дисциплинска постапка против тренерот на полскиот шампион Киелце, Талант Душебаев, посочувајќи го како главен виновник за инцидентот со тренерот на германскиот клуб Р.Н. Ловен, Гудмундсон, на првиот 1/8 финален натпревар во Лигата на шампионите

“Сите добро го знаете Гудмундсон, сите инциденти што ги има направено на клупски и на репрезентативен план. Сега сите сакаат да ја пренесат вината врз мене, но тоа е глупаво. Сакаат да не го водам тимот на реваншот за да си ги зголемат шансите за успех, што е смешно. Ако треба ќе им дадам предност од 10:0 и пак ќе се пласираме во четвртфиналето“ , изјави Душебаев.

Кјелце по првиот меч има предност од 32:28, а реваншот ќе се игра в понеделник во арената во Манхајм, со почеток во 19 часот.