Душебаев во идеалниот тим на колото

Ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев се најде во идеалниот тим на Лигата на шампионите.  Благодарение на својата неверојатна партија и постигнатите девет гола, Душебаев ја зазема десната бековска позиција во идеалниот состав на колото, додека во Топ 5 листите на ЕХФ се најдоа уште и Матијаж Брумен и голманот Страхиња Милиќ.

Со поразот во Полска, ракометарите на Вардар втора година по ред ги завршија   настапите во елитното ракометно натпреварување во четвртфиналната рунда, чие надминување ќе биде главен приоритет следната сезона.

ФОТО: МИА