Дутерте му пееше на Трамп: Засекогаш не е доволно, да те сaкам секогаш и одново…(ВИДЕО)

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, немилосрден борец против дрогите, во дует со филипинската пејачка Пилита Коралес на вечерата со азиските лидери во Манила во неделата ја отпеа познатата филипинска љубовна песна „Ikaw“ (Ти), објаснувајќи дека на тоа го поттикнал Доналд Трамп.

„Претседателот Трамп забележа дека Дутерте потпевнува заедно со Коралес па го поттикна да запее со неа пред микрофонот“, објасни портпаролот на американскиот портпарол, додавајќи дека на топлата и пријателска врска меѓу двајцата претседатели без сомнение влијаат и „сличните чувства кон Барак Обама“.

Односите меѓу Филипини и САД се заладија откако администрацијата на претходниот американски претседател Барак Обама ја критикуваше како преагресивна бескопромисната борба на филипинскиот претседател Родриго Дутерте против дрогите и оние кои ги распространуваат, која резултира со смрт на илјади криумчари и криминалци.

„Ти се светлината на мојот свет, половина од моето срце…. Засекогаш не е доволно да те сакам и одново секој момент“, отпеа Дутерте.

„Дами и господа, пеев неповикан, во согласност со наредбата на врховниот командатн на војската на САД“, рече Дутерте подоцна.

Снимката од неговиот јавен настап на Twitter ја објави функционер на филипинската влада кој присуствувал на свечената вечера.

Во понеделникот Трамп ја пофали изведбата на Дутерте, нарекувајќи ја фантастична, а филипинскиот претседател талентиран.

Американскиот и филипинскиот претседател во неделата навечер со уште 19 светски челници присуствуваа на гала вечерата во филипинската престолнна Манила организирана пред почетокот на самитот на членките на Сојузот на земји од југоисточна Азија (ASEAN).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.