Дувњак и Лацковиќ стравуваат од атмосферата во СЦ „Борис Трајковски”

Европскиот ракометен шампион Хамбург веќе го одржа првиот тренинг во СЦ “Борис Теајковски”, каде денеска во 18.00 ч. ќе го одиграат 1/8 финалниот натпревр во Лигата на шампионите против Вардар.
Најдобриот ракометар во светото Домагој Дувњак и неговиот колега Блаженко Лацковиќ , очекуваат тежок натпревар иако тие ја имаат фаворитсакта улога во мечот со македонскиот шампион.

„Очекувам да биде многу тежок натпревар против Вардар. Знаеме што не чека овде, и поради тоа добро се подготвувавме. Тука публиката е неверојатна, но се надевам дека ќе избориме еден позитивен резултат, кој ќе ни ја олесни работата на реваншот во Германија. Мислам дека Вардар е една одлична екипа, која што е покриена на секоја позиција со квалитетни ракометари. Во таква ситуација мора да бидеме подготвени а борба во текот на сите 60 минути” , изјави Дувњак.

Со него се сложи и Блаженко Лацковиќ за кој се шпекулира дека од наредната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион Вардар.

„Се сложувам со Дувњак, дека Хамбург го очекува тежок дуел во Скопје. Мислам дека Вардар знае да одигра одлично во одбраната, но исто така и во нападот. Посебно тешко ќе биде да се игра пред една ваква публика, која знае да го понесе својот тим и кога не му оди, а на тоа се уверивме на натпреварите со ПСЖ и Барселона. Штом квалитетни екипи како нив не успеаја да слават тука, мора да е многу тешко. Според мене, играта во одбраната и тие лесни голови преку контра и полуконтра се најсилната страна на Вардар. Доколку успееме да го неутрализираме тоа, мислам дека можеме да се надеваме на позитивен резултат,“ изјави Лацковиќ за интернет страницата на македонскиот шампион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.