Дувњак: Вардар заслужи да игра четвртфинале

Најдобриот ракометар за 2013 година Хрватот, Домагој Дувњак по елиминацијата на својот Хамбург од Вардар  во осминафиналето од Лигата на шампионите, истакна дека македонскиот шампион заслужено се пласираше во четврт финалето.

“Знаевме дека ќе биде тешко во ревншот. Вардар е одличен тим и заслужи да игра во четвртфиналето. На нас ни преостанува само да жалиме што повеќе нема да бидеме дел од завршницата во најквалитетното клупско натпреварување”, изјави Дувњак.

Хрватот истакна дека според него главен фаворит за титулата е Барселона, но и дека е можно  друг тим да ја освои титулата.

“Многу добри тимови се пласираа во четвртфиналето , но силно верувам дека Барселона ќе ја освои титулата. Тие имаа многу силен тим, а со новите играчи Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ, не верувам дека ќе ја пропуштат шансата да се закитат со титулата. Но, секогаш постојат можности некој друг тим да ја освои титулата, како што бевме ние минатата сезона“, додаде Дувњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.