понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 28

Два авиони се судрија на аеродромот во Џакарта

авиони

Последни вести

Два патнички авиони се судрија на пистата на аеродромот во индонезискиот главен град Џакарта, поради што тоа беше извесно време затворено за сообраќај.

Како што јавија индонезиските медиуми, нема податоци за повредени лица при несреќата.

Инцидентот се случил доцна синоќа на воениот дел од аеродром, кој се користи и за цивилни летови, со цел да се растовари сообраќајот на аеродоромот во Џакарта.

Авиокомпанијата „Батик Ер“ соопшти дека нејзин авион со 49 патници и седум члена на екипажот бил удрен додека возел по пистата од страна на авионот од „Транс Нуса“, кој се движел зад него.

Сликите објавени на интернет покажувааат сериозни оштетувања на крилото на авионот на „Батик “р“.

По инцидентот атниците и екипажот се безбедно евакуирани, се додава во соопштението на авиокомпанијата.

Најчитани вести