Македонија

Два дена хуманитарна акција во Илинден

Два дена хуманитарна акција во Илинден

Општина Илинден се вклучува во големата хуманитарна акција за помош на граѓаните од поплавените подрачја во земјата. Хуманитарната акција под мотото „Да ја покажеме хуманоста на дело“ ќе се одржи денес и утре во сите населени места во општината.

Акцијата ќе се одвива во период од 10 до 20 часот на хуманитарните пунктови што ќе бидат отворени во:

• Дом на култура „Илинден“ (Тел. 2520-542);
• Дом на култура „Кадино“ (Тел. 2552-983);
• Дом на култура „Мршевци“ (Тел. 2552-987);
• Дом на култура, „Бујковци“ (Тел. 2552-980);
• Дом на култура „Бучинци“ (Тел. 2528-686);
• Дом на култура „Текија“ (Тел. 2552-968);
• Дом на култура, „Бунарџик“ (Тел. 2528-540);
• Дом на култура „Мралино“ (Тел. 2566-685);
• Дом на култура „Ајватовци“ (Тел. 2553-919);
• Дом на култура „Дељадровци“ (Тел. 2549-924);
• Клуб на пензионери во Миладиновци (Тел. 2577-068);
• Клуб на пензионери во Марино.

Акцијата се состои во собирање на вода за пиење, храна со подолг рок на траење, средства за лична хигиена и зимска облека и обувки.

Општина Илинден ги поканува сите граѓани, месните заедници, спортските клубови, невладините здруженија, јавните општински претпријатија, стопaнските субјекти, како и многу пати досега да ја покажат својата хуманост и со учество во акцијата заедно да придонесеме во санирањето и отстранувањето на последиците од природните непогоди.

Подетални информации на телефоните: 02/2571-703; 02/2571-704.