Два гола на Нејмар за победата на Барса над Јувентус (ВИДЕО)

Со двата гола на Нејмар каталонскиот фудбалски гигант Барселона славеше над италијанскиот шампион и актуелен европски вицепрвак Јувентус во натпревар Интернационалниот Куп на шампионите.

На средбата којашто се одигра во Њујорк, екипата на Барселона која првпат настапи под водство на новиот тренер Ернесто Валверде, го победи Јувентус со 2:1, со головите на Нејмар во 15 и 26 минута.

Голот за Јувентус го постигна Џорџо Кјелени во 63. минута.

Бразилецот, за кого деновиве се шпекулира дека ќе мине во редовите на париски ПСЖ, го одигра само првото полувреме.

Следниот меч во ова натпреварување Барселона ќе го игра во четврток, а противник ќе биде Манчестер Јунајтед кој во недела вечерта, во 23 часот по средноевропско време, ќе игра против европскиот првак Реал Мадрид.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.