Два македонски романа објавени во Украина

Романите „Запалка“ на Натали Спасова и „Вишновата хроника“ на Фросина Пармаковска се објавени во Украина, преведени од украинската писателка и преведувачка Ана Багрјана.

Двете книги се објавени од издавачката куќа „Тврдина“ од Луцк, а нивниот превод финансиски е поддржан преку Конкурсот за странски издавачи на Министерството за култура на Република Македонија.

Истиот издавач претходно го објави романот за млади на Натали Спасова „Прва љубов во Розевата улица“ кој е веќе одлично прифатен од младите украински читатели.

Двата нови превода ќе бидат претставени на најголемиот саем на книга во  Украина – во Лвов, од 15-ти  до 19 септември.