Два милиони лица заболеле од грип во Франција

Од грип оваа сезона во Франција заболеле два милиони луѓе, од кои досега починале 72, при што најпогодени се лицата на возарст од над 65 години, покажуваат податоците на француските здраствени власти.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, само минатата недела биле регистрирани 600.000 нови случаи на лица со симптоми на грип, со што, според експерите, речиси е достигнат врвот на епидемијата. Според статистичките модели, бројот на заболените би требало да започне да се намалува во текот на оваа недела.

Најпогодени од сите региони се Лимузин со 1.901 случај на 100.000 жители. како и Азурниот брег и Миди-Пиринеи со по 1.215, односно 1.213 заболени на сто илјади лица.

Бројот на задржаните на болничко лекување. исто така, се зголемува, посебно кај лицата на возраст од над 65 години, а посебо оние кои живеат во старски домови.

Здраствените власти сметаат дека бројот на хоспитализираните и на смртните случаи остануваат во рамките на вообичаеното, подвлекувајќи дека е важно раното откривање на заболувањето од грип, со оглед дека вакцина против грипот што се дава годинава не е ефикасна за најчестиот вирус на грипот А што се појави сезонава од типот Х3Н2.

Во текот на мината недела на болничко лекување биле задржани 245 нови тешки случаи на грип, со што нивниот број од ноември, па досега, изнесува 728, од кои 72 починале. Од хоспитализираните само 20 отсто биле вакцинирани.