Свет

Два напади на ИД во Багдагд, загинаа 83 лица

Два напади на ИД во Багдагд, загинаа 83 лица

Ирачки владини претставници соопштија дека во двата напада во Багдад извршени од Исламска држава загинаа 83 лица, пренесува МИА.

При првиот напад, во централниот кварт Карада загинаа 78 лица и повредени се 160. Малку подоцна, експлодираше рачно изработена бомба во источниот дел на Багдад, при што загинаа пет лица, а 16 беа повредени. Првата експлозија предизвика пожари во блиските продавници за облека и за мобилни телефони, соопштија очевидци.

Преку онлајн изјава, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот. Притоа ИД нагласи дека во двата напади нејзина цел било шиитското население.

Нападите се извршени кон крајот на светиот муслимански месец Рамазан, кога улиците по зајдисонце се полни со млади луѓе и семејства.

Премиерот Хајдер ал Абади го посети местото на нападите во централниот кварт Карада, но брзо го напушти откако беше дочекан со мноштво пцости и укори од локалното население, јави ДПА.