Два нови напади во Турција

Два нови напади се случија денеска во Турција. Едниот напад се случил во центарот на Анкара, а вториот во Насајбин, во југоисточниот дел од земјата.

При престрелката во Анкара се убиени две лица, еден цивил и еден полицаец. Напаѓачот заега и е непознат на полицијата, додека еден полицаец е убиен, а тројца се ранети во напад врз нивниот автомобил во Насајбин.

Причините за нападот во Анкара се непознати, а вториот напад се случил во округот Мардин, каде во сила е полициски час. Курдските бунтовници кренале во воздух оклопно возило на полицијата, кое учестувало во антитерористичка операција.

 

Имено, во бомбашки напад што се случи во неделата во Анкара загинаа 37, а беа повредени над 120 лица.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.