Два нови случаи на туларемија, вкупно 25 досега

Два нови случаи на туларемија се потврдени во Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Со двајцата новозаболени од туларемија вкупниот број заболени во државата од јануари досега изнесува 25.

– Има сериозен тренд на намалување бидејќи од 18 сомнителни лица само два се потврдија, а кај останатите 16 резултатот беше негативен. Што значи дека треднот е сериозно намалувачки, рече министерот Никола Тодоро.