Македонија,Крими хроника

Два нови случаи со украдени регистарски таблички во Грција

Два нови случаи со украдени регистарски таблички во Грција

Во текот на вчерашниот ден, на гранчниот премин Богородица пријавени се два нови случаи на украдени регистарски ознаки од возила на македонски туристи во Грција.

Првиот случај е пријавен од лицето Т.М. од Велес, кој управувал патничко моторно возило марка „Opel Vectra“ со велешки регистарски ознаки. Тој пријавил дека на 10.08.2014 година во туристичкото место Катерини му се украдени двете регистарски ознаки од возилото.

Вториот случај е пријавен од лицето Б.С. од о.Чешиново-Облешево, кој управувал патничко моторно возило марка „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, а има пријавено дека на 09.08.2014 година во туристичкото место Лефкада исто така му се украдени двете регистарски таблици од возилото.

Двата случаи се пријавени на грчката полиција и за истото е изготвен записник.

Со овие два нови случаи на кражби на регистарски таблици, бројката за оваа година достигна вкупно девет, а досега регистрирани се и три оштетувања на возила и регистарски ознаки, со што се повторуваат проблемите со кои се соочуваат македонските туристи во Грција