Два нови земјотреси ја погодија Италија

Во регионот на централна Италија, каде во текот на последните три месеца имаше три силни земјотреса, денеска повторно имаше потрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала, пренесе ДПА.

Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија информира дека потресот е регистриран во 16.14 часот по локално време во планинската област Аквила.

Епицентарот е на 11 километри од  Аматриче, еден од градовите што беа опустошени од земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтер, на 24 август, кога загинаа 300 лица.

Засега нема податоци за жртви или штети од денешниот потрес, додава ДПА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.