Два оружени грабежи во Скопје

Вчера вечер оружен разбојник ограбил спортска обложувалница лоцирана во Т.Ц. „Скопјанка“ во скопски Аеродром. Штом ги зел парите тој избегал.

Истиот ден околу 22 часот во Скопје, во маркет на улицата Босна и Херцеговина двајца оружани разбојници го украле дневниот промет од вработените.

Од МВР велат дека интензивно работат на откривање на сторителите на двете разбојништва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.