Два региони утре во портокалова фаза, останатите во жолта

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, утре два региони од територијата на државата ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза.

Два региони утре во портокалова фаза, останатите во жолта

Во текот на утрешниот ден температури од портокалова фаза ќе има во охридско –преспанскиот и јужно-вардарскиот регион, каде се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината.

Како што информираат од Министерството за здравство останатите региони ќе бидат зафатени со температури од жолта, односно алертна фаза.

Почитувајте ги препораките

Бремените жени и хронично болните лица да не работат!
Бремените жени и хронично болните лица да не работат!

Донесените препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, продолжуваат да важат.

Покрај овие препораки, во регионите кои утре ќе бидат зафатени со портокалова фаза (Охрид, Струга, Дебар, Ресен, Штип, Радовиш, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Гевгелија) Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период, соопштуваат од Министерството за здравство.

За населението од целата територија на државата и понатаму важат општите препораки за заштита од високите температури, согласно Акцискиот план за заштита од топлотни бранови:

– Во текот на екстремно топли денови, се препорачува престој во затворени климатизирани простории, а при неопходен престој на отворено, да се овозможат почести одмори под сенка.

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце и заштитни очила и капа. При сончање се препорачува да се користи крема со висок заштитен фактор.

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

– Да се внесуваат големи количества течности (најдобро обична вода за пиење),  а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

– При влегување во возило, потребно е одреден период да се проветри возилото.

Со цел заштита на здравјето на ранливите групи на население, се препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Внимавајте на исхраната

Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната
Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени).

Од Министерството за здравство, препорачуваат да се избегнува консумирање производи кои не се  термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Во текот на летниот период, во сите градови низ државата се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден во периодот од 18:30 до 21:30 часот. На пунктовите се врши мерење на крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

 

Какво време не очекува во текот на утрешниот ден проследете на следниот линк.